На покана на француската Социјалистичка партија, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, престојува во неколкудневна работна посета на Франција.
Во Париз Шекеринска ќе оствари повеќе средби, меѓу кои со првиот човек на Социјалистичката партија- Првиот секретар Жан Кристофа Камбаделис (Jean-Christophe Cambadélis) и неговиот дипломатски советник Пиер Кануту (Pierre Kanuty).
Социјалистичката партија e најсилната политичка партија во Францускиот парламент, а нејзиниот поранешен Прв секретар, Франсоа Оланд, стана претседател на Франција на изборите во 2012 година.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Социјалистичката партија на Франција имаат долгогодишна соработка во рамките на Социјалистичката интернационала и Партијата на европските социјалисти.
Во рамки на посетата Шекеринска ќе има серија на средби и во фондацијата Жан Жорес.