Обука за 16 полициски службеници на тема – „Детекција на украдени возила“

Во организација на амбасадата на Република Франција во РМ, минатата недела (03. до 07) беше реализирана обука наменета за 16 полициски службеници пропадници на: секторот за гранична полиција, сектор за сериозен криминал, секторот за крим техника и регионалните СВР.

Обуката ја реализираше еден француски експерт, специјалист во доменот на украдени возила, припадник на француската национална полиција и Париската Префектура, раководител на единицата за разбојништво. Обуката беше реализирана во центарот за обука на полицијата во Идризиво.

Целта на обуката беше да се прикажат најновите техники коишто ги употребува француската полиција во доменот на детекција на украдени и преправани возила, техничка идентификација, следење и набљудување на такви возила, употреба на електронски помагала и геолокализација, запирање и апсење на сторители.

Оваа плодна соработка и меѓусебна размена на искуства се заврши со финална демонстрација на техниките и доделување на дипломи од страна на амбасадор на Франција во земјава Лоренс Оер и високи претставници од македонското министерство за внатрешни работи.