СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Л.(18) и М.Е.(18), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 26.10.2014 година, околу 01,00 часот, во Охрид на ул. „Коста Арбаш“ првопријавениот физички нападнал лице од с.Косел, охридско, а подоцна на ул. „Цар Самоил“, двајцата пријавени го пресретнале истото лице и физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по телото, при што му нанеле тешка телесна повреда.