Синоќа, еден час по полноќ, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле контрола во угостителскиот објект „Бабилон“ во Тетово, сопственост на 37-годишниот тетовец А.Б.
При контролата, во внатрешноста на објектот, поточно на подиумот за танцување, биле затекнати шест странски државјанки, од кои пет од Република Бугарија и една од Република Србија, кои работеле нелегално, односно без работна дозвола.
Странските државјанки на возраст од 24 до 28 години, приведени се во Полициската станица Тетово и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Денеска предпладне шесте девојки беа изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Тетово, кој им изрече парични санкции, потоа забрана за влез во Република Македонија од една година, како и нивно депортирање во матичните земји.