Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0.1% на годишно ниво.
Во октомври 2014, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%, пониски во групата Капитални производи за 3.7% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.
Во октомври 2014, во споредба со октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 1.9%, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.9% и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0.5%.