Општина: Денешното соопштение на СДСМ –Охрид, повеќе од очигледно е прво априлска шега

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и Општина Охрид, во која се вели:

„Денешното соопштение  на СДСМ –Охрид, повеќе од очигледно е прво априлска шега, која  е дијаметрално спротивна на   сериозна политика. До кога СДСМ- Охрид , јавно ќе се  омаловажува  себеси и ќе  потсетува на ужасот што го остави во сите воспитно – образовни институции во Охрид.

Почитувани од СДСМ, во моментов во објектите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и во останатите образовни институции  во градов,  нема ниту едно лице ангажирано со волонтерски договор. Сите вработени се заштитени со закон.  Со тоа актуелната локална власт и градоначалникот Никола Бакрачески ставија крај на   вашата   пракса , кога   буквално се изживувавте  со луѓето , и не само што социјално и здравствено не ги осигурувавте туку не им ги плаќавте  и   чесно заработените пари што им ги ветивте и за кои сте се договориле.

Но вашите нехумани навики   и изигрување со вработените станаа минато – свршено време исто како и вас.  Градоначалникот Никола Бакрачески вчера на прес конференција,   јавно со факти   обелодени  за некоректниот однос на минатата локална гарнитура,  која за предизборни цели ги злоупотребила   лицата  кои работно ги ангажирала  во образовните институции.  Градоначалникот Бакрачески    со  започнатиот процес за склучување спогодби  со овие “изиграни“ лица, докажа дека актуелната локална власт се грижи и апсолутно настојува да ги реши проблемите на сите  охриѓани.

Пред повторно јавно да се избламира и пред повторно да потсети за злото што го остави зад себе, СДСМ- Охрид, веднаш да одговори: Зошто си поигра со судбината на 320-те лица кои работно ги ангажира во воспитно –образовните институции а притоа а не им ги исплати ветените пари?

СДСМ – Охрид  веднаш да одговори зошто  овие лица социјално и здравствено не ги осигури и зошто ги злоупотреби за партиски цели користејќи  ги само како гласачи за веднаш потоа  не милосно да ги  остави на улица без “скршена “ пара?

СДСМ- Охрид веднаш да одговори  зошто си поигра со материјалниот  статус на семејствата од овие 320 лица и зошто им се потсмева на нивната мака? “- стои во реакцијата.