Македонија 0:2 Словачка

Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз 0:2 од Словачка на домашен терен на стадионот „Филип Втори“ во Скопје, во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 кое ќе се игра во Франција.

Натпреварот започна со рамноправна игра, но сето тоа траеше само дваесетина минути. Повторно нашата репрезентација беше таа која греши во одбраната, а гостите тоа знаеа да го казнат и тоа во два наврати – во 25 минута со голот на Куцка и во 38 минута со голот на Немец. И двата голови беа примени по речиси идентични грешки на одбраната на Македонија.

Второто полувреме иако започна со иницијатива на гостите, нашите фудбалери успеаа да прикажат за нијанса подобра игра, а што е најважно без грешки во одбраната. Расположениот Трајковски не успеа да ја намали предноста на Словачка. Тој во неколку наврати, а особено по неколкуте слободни удари успеа дури два пати да ја погоди пречката, а повеќепати се закани и директно кон голот на гостите. На крајот, резултатот остана 0:2.

Во нашата група Ц, по одиграни 4 кола на првото место со максимален учинок е Словачка со 12 бодови, пред Шпанија и Украина со по 9 бодови. Македонија е на 4 место со 3 бодови, пред Белорусија и Луксембург со по 1 бод.

WebOhrid