СДСМ: Срамна е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека волонтерите требало да бидат среќни што примаат и по 4.000 денари плата, зашто биле оставени на работа

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати писмена реакција на реакциите на градоначалникот Никола Бакрачески и на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои:

„Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не одговорија на клучните прашања:

–Како се случи волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“ за својата чесна работа да добиваат само по 4.000 денари?

-Во Буџетот беа предвидени пари за нивните плати од 6.560.000 денари, зошто со ребалансот овие средства се скратени за неверојатни над 5.000.000 денари?

-И како е скратено токму од парите за егзистенција на луѓето, а не е скратено од други расфрлувачки трошоци на власта на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид?

Ако има совест градоначалникот Бакрачески, ќе се сети на неговите предизбодни ветувања дека ќе ги заштити сите на работните места, но денеска тој е извршител на ВМРО-ДПМНЕ кој се грижи само за вработените од ВМРО-ДПМНЕ со коишто ги преплави општината и институциите.

Срамна е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека волонтерите требало да бидат среќни што примаат и по 4.000 денари плата, зашто биле оставени на работа.

Со тоа партијата на Груевски призна зошто ги скратија парите во општинскиот Буџет за овие луѓе.

СДСМ бара да се почитува достоинството на вработените во градинката „Јасна Ристеска“ и тие да добијат плати според вложениот труд, а не според волјата на власта на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.“- стои во реакцијата.