Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.5% на месечно ниво, а се пониски за 3.9% на годишно ниво.
Во септември 2014, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.0%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.8%.
Во септември 2014, во споредба со септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.7%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 4.6%.