На 14-ти Ноември беа извршени контроли во 33 угостителски објекти од кои 16 на подрачјето на Неготино и 17 на подрачјето на Кавадарци при што беа изречени три глоби на физички лица како и една глоба на правно лице по Законот за заштита од пушење.
Покрај овие беше извршена и акциска контрола на 12/13.11 при што беа контролирани 29 угостителски објекти од кои шест во Охрид, 16 во Берово и седум во Скопје. При тоа во Охрид беа констатирани прекршоци за физичко и правно лице по Законот за заштита од пушење, еден објект е затворен од страна на УЈП и констатиран е прекршок за нарушување на јавниот ред и мир. Во Скопје исто така беа констатирани прекршоци по Законот за заштита од пушење и три објекти беа затворени од страна на УЈП и Пазарна инспекција при што беа поднесени соодветни поднесоци.
На 13/14.11 беа контролирани пет угостителски објекти во Струмица при што беа констатирани два прекршоци за физички и еден за правно лице по Законот за заштита од пушење и во два угостителски објекти беа констатирани прекршоци од надлежност на УЈП.