Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Б.И. (55) од Дебар.
Во текот на 2011 година, пријавената на сопствено замјиште на улицата „Видое Смилевски-Бато“ во Дебар, изградила индивидуален стамбен објект со површина од 184,5 метри квадратни што било спротивно на одобрението и на деталниот урбанистички план според кој на таа градежна парцела требало да се изгради објект со површина во основата од 166 метри квадратни.
Практично, пријавената Б.И. изградила објект со поголема површина од 18 метри квадратни односно противправно се стекнала со вкупно 55,5 метри квадратни стамбен простор во целиот објект или со 19.425 евра сметано според цената на метар квадратен стамбен простор кој изнесувал 350 евра.
По основ на уредување на градежно земјиште, пријавената Б.И. платила 329.217 денари што одговара на површината на објектот по основниот проект додека според фактичката состојба на изградениот објект кој во површина е поголем за 55,5 метри квадратни требало да плати уште 80.586 денари што не го направила.
Оштетувајќи го буџетот на Република Македонија, пријавената Б.И. стекнала противправна имотна корист од околу 20.738 евра.