Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и членката на И.О на СДСМ и претседателка на Комисијата за правда, Рената Дескоска, денеска имаа средба со амбасадорот на ОБСЕ во Р.Македонија, Ралф Брет и со раководителот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џејмс Де Вит.
Актуелната политичка ситуација во Македонија беше главна тема на разговорите.
Претседателот Заев, рече дека обврска на СДСМ е, како одговорна опозиција да овозможи реализација на слободната волја на граѓаните на Македонија и дека партијата останува посветена на оваа цел.
„Тоа може да се реализира само преку отворање на сите 5 теми што директно се однесуваат на механизмите на враќање на демократските процеси во земјава“, соопшти претседателот Заев.
Претседателот на СДСМ посочи дека СДСМ ќе ги сподели со јавноста сите информации што го разобличуваат начинот на владеење на Никола Груевски, со што ќе стане јасно дека техничка влада е единственото решение за излез од политичката криза.
Амбасадорот Брет се интересираше за статегијата на СДСМ како и за состојбите во медиумите.