Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца во посета на ЈЗУ Општа болница Охрид

Во рамките на одбележувањето на „Неделата за грижа на старите лица“ која се спроведува од 17 до 23 ноември , финансирана од Европската Унија, преставници на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца, денеска ја посетија ЈЗУ Општа болница Охрид. Целта на посетат беше да се информираат за грижата на пациенти во Геронтолошкото оделение во кое се сместени над 30 воглавно стари лица, како и за условите и згрижувањето и здравстевствената заштита на пезионерите кои се лекуваат во одделенијата при Охридската болница.

Директорот на ЈЗУ Општа болница д-р Лубен Арнаудов, информираше дека условите за лекување на сите пациенти во сите одделенија, и на пензионерите се на завидно ниво,особено со реконструкцијата на Болницата која важи за една од најопремените на Балканот и која ги пружа сите потребни услови за квалитетно и успешно лекување.Што се однесува до Геронтолошкото одделение,директорот Арнаудов, истана дека во тек е активноста за изградба на нов објкет, непосредно до постојното одделнеие со 50 соби и капацитет за сместување на 100 пациенти. Техничката документација е во тек а изградбата на новото Геронтолошко одделение ќе започне со обезбедувањето на потребните 260.000 евра,кои ќе се обезбедат од донатори од Охрид и од иселеници, здруженија,други асоцијации.

На средбата, а по повод ,,Неделата за грижа на старите лица,, претседателот на Извршниот одбор на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески на директорот на ЈЗУ Општа болница д-р Лубен Арнаудов, на хирургот д-р Диел Аголи, анестезиологот д-р Наум Латко и интернистот д-р Томислав Цуцулоски, им врачи признанија и благодарнци за пружената здравствена помош и усшеното лекување на пезионерите во оваа наша реномирана градска болница.Во таа прилика претседателот Трпчески, ја прифати иницијативата во реализацијата за изградба на новото Геронтолошко одделение и да даде свој придонес во рамките на можностите.

Во името на добитниците на признанијата и благодарнците се заблагодари хирургот д-р Диел Аголи,кој изрази задволство за скромните признанија од ЗП Охрид и Дебрца,со желба соработката со ЈЗУ Општа болница уште повеќе да се унапредува во наредниот период.