Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на детето, денес во градинката Јасна Ристеска се реализираше почетната фаза од проектот за здрави заби и грижа за оралното здравје. Во соработка со ординацијата д-р. Сашо Стоев, ординацијата Денториа, Лакалут и поддржано од Лајонс клуб од Охрид беше извршена теоретска и практична едукација на дечињата за одржување на оралното здравје, правилно четкање на запчињата, а беа извршени и стоматолошки прегледи на дечињата од 4 – 6 годишна возраст.
Активноста продолжува со континуирано следење на здравјето на забите. Следната фаза ќе биде на 17-ти декември.