Тунтев: Приведувањето на поранешниот градоначалник Петрески претставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта

ОО на СДСМ Охрид одржа прес-конференција на која што се обрати претседателот на ОО СДСМ, Томислав Тунтев, кој истакна:

„Дали на власта и треба нов политички прогон со монтиран судски процес за одвлекување на вниманието на јавноста од секојдневните скандали и случувања кај нас?

Изгубената доверба во судството, селективна правда, контролата на власта врз судството и политички притисок врз судиите, нотирани во Извештајот на ЕК, Извештајот на американскиот Стејт департмент и извештаите на други меѓународни организации, оставаат сомнеж дека и овој случај на приведувањето на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески претставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта.

За потсетување, кога Петрески беше градоначалник на Охрид, локалната власт беше под силен притисок, постојана контрола и целосна блокада на работењето од страна на централната власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Дали дополнително, Петрески е жртва и на фијаското на градоначалникот на Охрид, Бакрачевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој не може да ги реализира ветените проекти од неговата програма а ги задолжува охриѓани?“ – запраша Тунтев.