Поради тоа што постоечката состојба на речното корито во потегот на селото Средоречие е доста тесно и плитко и обраснато со ниска и висока вегетација и делумно заполнета со наноси, деновиве сe спроведува акција за санација и расчистување на коритото на реката кај Средоречие.
На овој дел од коритото се врши машинско отстранување на вегетацијата (капини и други нискостеблести и високостеблести растенија).
Мерките се спроведуваат за да се заштити селото и полето од евентуално поплавување заради пораст на нивото на водотекот во престојниот период.