Македонија на 103 место според најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа пад од -4 места и се наоѓа на 103 место според најновата ФИФА рејтинг листа. Овој пад на рејтингот на нашата репрезентација е поради поразот од Словачка од 0:2 во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 година.

На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму се наоѓа водечката тројка Германија, Аргентина и Колумбија.

Најголемиот скок и пад на ФИФА рејтинг листата за изминатиот месец се најдоа веднаш зад нашата репрезентација. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Фарски Острови, со скок од +82 места се најде на 105 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Ирак од -23 места и се најде на 104 место.

WebOhrid