Со цел непречен приод за лицата со посебни потреби, Секторот за внатрешни работи Охрид деновиве постави пристапна рампа за оваа категорија граѓани. Целта е да се обезбеди еднакво право за пристап и еднаква можност за достапност и контакт на лицата со посебни потреби со полициските службеници, навремено излегување во пресрет на нивните барања, потреби но и решавање на одредени проблеми од безбедносен аспект.
На овој начин СВР Охрид како сервис на граѓаните практично ја покажа отвореноста и кон лицата со посебни потреби со што настојуваме оваа категорија наши сограѓани, службата да ја почувствуваат како своја и блиска. Поставувањето на пристапна рампа за непречен влез на лицата со посебни потреби во СВР Охрид е уште еден обид за неселективност кон граѓаните и доследна имплементација на заложбите за вистинско партнерство помеѓу полицијата и сите граѓани.
На овој начин ги зацврстуваме релациите со локалната заедница посебно со лицата со посебни потреби во насока на продлабочување на меѓусебното разбирање и почитување на нивните права за непречен пристап до институциите на системот.