Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, изнесува 107.5. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, бележи опаѓање од 4.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 21.3%.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, бележи пораст кај Енергија за 16.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.0%, Капитални производи за 49.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 19.6%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2014 година, во однос на периодот јануари – октомври 2013 година, изнесува 105.1.