Македонската футсал репрезентација по вторпат беше поуспешна од селекцијата на Црна Гора во тест натпреварот што се одигра во СЦ „Јане Сандански“. По вчерашниот триумф од 5-2, избраниците на селекторот Васко Скендеровски денес победија со 5-3 на вториот контролен натпревар.
Футсал репрезентацијата се подготвува за квалификацискиот турнир за ЕП што ќе се одржи во март во Скопје, а се наоѓа во група со Шпанија, Унгарија и со најдобрата второпласирана селекција од прелиминарната фаза.