Општина: Денешното “толкувачко“ соопштение на СДСМ со доза параноја е сосема неосновано и смешно

Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испарати Општина Охрид, во која се вели:

„Легитимно, и согласно законските норми донесен е новиот Деловник за работа на Советот на општина Охрид. Со оглед на тоа што истиот е изгласан со мнозинство гласови од советниците, денешното “толкувачко“ соопштение на СДСМ со доза параноја во кое се навредуваат функционери и институции е сосема неосновано и смешно.

Општина Охрид изразува жалење што СДСМ помешала термини со различно значење. Укажуваме на фактот дека никој па ни Претседателката на Совет, не ветиле дека со консензус односно едногласно ќе биде изгласан новиот Деловник за работа на Советот, туку дека Претседателката Гордана Коњановска максимално ќе се заложи и нејзина желба би била деловникот да биде едногласно изгласан од сите советници.

Околу нацрт Деловникот советниците разговараа, дебатираа и се усогласуваа со цел да се донесе нов Деловник за работа во кој би биле исклучени сите недоследности на досега постоечкиот. Притоа се создаде дилема околу член 61 за кој советникот Љубомир Чаулев кој е член на Статутарно- правната комисија се изјасни како воздржан и најави амандман. Во понатамошните координации советничката група од ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека овој амандман е издржан и истиот го подржа затоа што е битен за понатамошното функционирање на Советот. Ова јасно укажува дека проблемот што Деловникот не е донесен со консензус не е во советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ туку лежи во советниците од СДСМ.

Со надеж дека СДСМ нема и во иднина да прави вакви испади општина Охрид очекува од оваа политичка партија да се извини на функционерите и советниците кои се избрани од страна на граѓаните а кои со вакви соопштенија директно ги наведува нив.“– стои во реакцијата.