Во рамките на Проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ во ОУ „Христо Узунов“ –Охрид, одделенскиот раководител Славица Настоска од V-3 одделение во соработка со психологот од училиштето, организираше активност – предавање од родителот Марија Гогова на тема Безбедно на интернет.
Целта на ова едукативно предавање беше да се подигне свеста кај учениците за правата на децата на интернет помеѓу самите ученици и во комуникацијата со другите.
Родителот кој е информатичар по професија, ги истакна придобивките од користењето на интернетот, местата каде можат да најдат интересни и корисни содржини, но и за бројни потенцијални ризици за приватноста и безбедноста за корисниците на интернет.
Преку ова предавање учениците научија како да ги препознаваат вистинските „штетници“ на интернет, опасните содржини и како да постапат во таква ситуација.
Вакви предавања ќе се реализираат и во другите одделенија.