Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски на месечно ниво за 0.3%, а се повисоки за 0.6% на годишно ниво.
Во ноември 2014, во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0.9%, додека во групите Интермедијарни производи, освен енергија и Трајни производи за широка потрошувачка, се на истото ниво од претходниот месец.
Во ноември 2014, во споредба со ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 3.0%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0.7% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5%.