Убаво уредени тезги за продажба на новогодишни честитки и останати реквизити се поставени на плоштадот „Чинар“. Со тоа просторот доби многу подобар и унифициран изглед.
Дрвените и уредно покриени објекти за продажба на новогодишни честитки и реквизити ги заменуваат досеашните тезги .
Општина Охрид апелира до закупците на тезгите да не ги нагрдуваат ново поставените продажни објекти со најлони, затоа што истите негативно влијаат на естетскиот излед на централниот дел од Охрид.