Во врска со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, реакција испрати ОО на СДСМ Охрид во која стои:
„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески се многу потресени од големиот интерес којшто го пројавија граѓаните на Охрид и охридско и што во толку голем број го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Вистината е дека охриѓани не се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески.
Тие во овие нецели две години не направија ништо од ветеното.
Најмалку што можат е да се фалат со бројки од криминални избори.
СДСМ уште еднаш им се заблагодарува на сите присутни граѓани кои со своето присуство и учество во дебатата направија оваа трибина да биде толку успешна.
Заедно ќе успееме во оваа битка којашто ја водиме.“ – стои во реакцијата од ОО на СДСМ Охрид.