СДСМ: Вистината е дека охриѓани не се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески

Во врска со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, реакција испрати ОО на СДСМ Охрид во која стои:

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески се многу потресени од големиот интерес којшто го пројавија граѓаните на Охрид и охридско и што во толку голем број го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Вистината е дека охриѓани не се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески.

Тие во овие нецели две години не направија ништо од ветеното.

Најмалку што можат е да се фалат со бројки од криминални избори.

СДСМ уште еднаш им се заблагодарува на сите присутни граѓани кои со своето присуство и учество во дебатата направија оваа трибина да биде толку успешна.

Заедно ќе успееме во оваа битка којашто ја водиме.“ – стои во реакцијата од ОО на СДСМ Охрид.