Заврши 38-от меѓународен турнир во одбојка „Чајка“

Заврши 38-от меѓународен турнир во одбојка “Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“. Првото место убедливо го освои екипата од Република Бугарија ОК Марица од Пловдив. Во финалето ја совлада екипата од Република Македонија Јанта Волеј од Скопје. Во малото финале се сретнаа екипите Работнички од Скопје и Шкендија од Тетово каде што Работнички убедливо го совлада противникот Шкендија.

За 3 место пехарот и медалите ги доделија Зоран Петрески, брат на покојниот Бранко и Александар Тасевски, бивш одбојкарски репрезентативец.

За 2-то место пехарот и медалите ги доделија Петар Јовановски претседател на ОФМ и Љупчо Крстевски потпретседател на ОФМ.

За освојувачот на турнирот ОК Марица од Пловдив, пехарот и медалите ги додели Марјан Спасески директорот на Агенцијата за млади и спорт.

За најдобар техничар на турнирот прогласена е Бончева Весела од ОК Марица, пехарот го додели Лазе Стојкоски, татко на трагично погинатиот млад и перспективен фудбалер од Тетово, Трајче Стојкоски – Пинго и татко на најдобрата гимнастичарка на Македонија Бранкица Стојкоска.

За најдобара одбојкарка на турнирот прогласена е СБКОВА ТАЊА од ОК МАРИЦА. Пехарот на најдобрата одбојкарка ќе и го додели г-дин Ивица Хаџииљоски – Чајка, син на покојниот Бранко.

Резултаи од 1 ден 19/12/2014

1-натпревар Шкендија – Тетово 1:3 Јанта Волеј – Скопје

2-натпревар Работнички Жени – Скопје 0:3 Марица – Пловдив

Резултати од 2 ден 20/12/2014

3 натпревар за 3 место Шкендија – Тетово 0:3 Рботнички Жени – Скопје

4 натпревар ФИНАЛЕ Јанта Волеј – Скопје 0:3 Марица – Пловдив

ПЛАСМАН

1.место МАРИЦА – Пловдив

2.место ЈАНТА ВОЛЕЈ – Скопје

3.место РАБОТНИЧКИ ЖЕНИ – Скопје

4.место ШКЕНДИЈА – Тетово

Cajka 11