Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, изнесува 102.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Градежништво (6.8%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (5.5%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.6%), Образование (5.0%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.5%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2014, изнесува 21 717 денари.
Во октомври 2014 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.