Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта петти ден се без струја – Утре ќе протестираат пред ЕВН

Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта веќе петти ден се без електрично напојување. Тие, поради револт кон ЕВН, утре во 12:00 часот организираат протест.

„Ги повикуваме сите да го подржат протестот, да се изврши притисок кон неодговорното однесување на ЕВН.  Поаѓањето од Куратица е утре во 11:00 часот, оттаму тргнува Бале Турс и останатите возила, кој ќе доаѓа од Охрид да биде во 11:45 наспроти Охридска банка (поранешен први мај).“– велат од Месната заедница од Куратица.