Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар – Струга

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Маврово – Дебар – Струга.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниските температури во утринските часови можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Поради ниски температури можна е појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.