Селекцијата на домашни фудбалери подобра од селекцијата на странци

На теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски” се одигра ревијален натпревар помеѓу селекцијата составена од домашни фудбалери и селекцијата на странци во 1МФЛ.

Селекцијата на домашни фудбалери од Првата македонска фудбалска лига, одбрана од селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски забележа победа од 2:1 над селекцијата на странци во ПМФЛ предводена од тренерот на Шкендија, Шпетим Дуро.

Головите за домашната селекција ги постигнаа Радески во 29 минута и напаѓачот на Вардар, Филип Ивановски во 45 минута. Единствениот погодок за селекцијата на странци го постигна Херера во 88 минута.

ДОМАШНИ: Јовановски, Силјановски, Глишиќ, Стојанов, Ристевски, Алими, Најденов, Радески, Ибраими, Блажевски, Ивановски. Уште играа: Алексовски, Мурати, Цикарски, Глигоров, Николов, Емини, Алтипармаковски

Селектор: Игор Ангеловски

СТРАНЦИ: Митровиќ, Иванов, Рудан, Мијушковиќ, Таипи, Херера, Вујчиќ, Бае, С. Сахити, Е. Сахити, Исени. Уште играа: Азизи, Кореница, Борха, С. Рудан

Тренер: Шпетим Дуро

На градскиот стадион во Велес, играчите од селективниот камп на репрезентацијата до 21 година предводена од селекторот Благоја Милевски славеа победа од 2:0 против екипата на Хоризонт Турново.