Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.8% на месечно ниво, а за 3.5% на годишно ниво.

Во ноември 2014, во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.0%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.6%.

Во ноември 2014, во споредба со ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.7%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 4.3%.