Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози. На цела територија на Македонија се бележат слаби врнежи од дожд. На осојничавите места има остатоци од снег на коловозот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.