Учениците од II-2 одделение од OУ „Кочо Рацин“, во ноември и декември 2014 година активно и успешно учествуваа на Меѓународен интернет проект „Мост Дружбе“, организиран од Центар за телекомуникации и информатички систем на образование од Рославска област Русија.
Ученикот Филип Ставрески доби сертификат за индивидуално учество, додека учениците Стефанија Алачкоска, Наталија Димоска, Андреј Јованчев, Теа Николоска,Тео Николоски, Анабела Стефаноска добија диплома на тема „А у нас так говорат“, возрасна категорија од 7 до 11 години за учество како тим на мултимедиа проект, „Културен поход“, а под менторство на наставничката Виолета Петковска.