Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, денес во општина Охрид прими дел од учесниците на семинарот „Пристап до сите“ од програмата Еразмус плус на Европската Унија. На семинарот учествуваат студенти од Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска, кои низ работилници на повеќе теми, размената на искуства и примена на европските стандарди, бараат начини за поголема општествена инклузивност на граѓаните со инвалидитет.
Општина Охрид, како што истакна Јанев, во рамките на своите законски надлежности и во своите развојни програми, посветува особено внимание на оваа група на граѓани, за нивна максимална вклученост во општеството.