Деловни тенденции во преработувачката индустрија

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во декември 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а, како понеповолна  во однос на декември 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на  претходниот месец. Oценката за обемот на производството во декември 2014 година е на еднакво ниво како  и во претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни,  додека очекувањата за бројот на вработените се поповолни.

Во декември 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата.

Залихите на готовите производи во декември 2014 година се намалени во однос на ноември 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2014 година изнесува 61.3% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.9%, недоволната домашна побарувачка со 18.5%, недостигот на квалификувана работна сила со 15.2% и финансиските проблеми со 9.5%.