Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Маврово, Стража, Ѓавато и во Крушево, но не се задржува на коловоз. Поради магла, намалена е видливоста до 50 метри на Плетвар.
Поради врнежите од дожд на одредени места во источна Македонија, дојде до излевање на водотеците. ЦУК известува дека сообраќајот на мостот кој се наоѓа на патниот правец Штип – Радовиш се одвива по една коловозна лента. Превентивно е затворен патниот правец Штип – Неготино, поради надојдените води од реката Крива Лакавица. Според известување од ДЦС МВР, на 23.01.2015 година од 13:00 часот на регионалниот пат Р 2232 на м.в.„Глобица“, во непосредна близина на с.Ратавици-Пробиштип, поради обилни врнежи од дожд настанало свлечување на брегот и банкината покрај десната страна на патот. Свлечувањето е кон реката Злетовица и е во должина од околу 30 метри, по што поради опасност од проширување на свлечиштето воведена е забрана на тој дел од регионалниот пат.