Слаб снег провејува на сите планински премини во западниот и југозападниот дел од Републиката

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на сите планински премини во западниот и југозападниот дел од Републиката кој во моментов не се задржува на коловозите.

Појава на магла со видливост до 50 метри има на Маврово и Стража.

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран.

Забраната за движење, поради свлечиште на патот Киселица-Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.