Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до новоизбраниот претседател на Либерално демократската партија, Горан Милевски.
„Ви го честитам изборот за претседател на Либерално демократската партија, во мое име и во име на Социјалдемокарскиот сојуз.
Пожелувам да ја водите партијата мудро и во насока на обединување, како единствен начин за успешни политики, коишто во овие тешки моменти за Република Македонија им се и повеќе од неопходни на граѓаните на нашата земја.
Либерално демократската партија има значајна улога за враќањето на слободата и демократијата во Македонија и искрено посакувам партијата да продолжи успешно да одговара на овие сериозни предизвици“.- стои во честитката.