Согласно законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, СВР Охрид до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на лицето А.М.(51) од охридското село Лескоец, како заштитни мерки да му се изречат: отстранување од домот без оглед на сопственоста, забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам.
По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година, а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид, Центарот за социјални работи Охрид и подрачните медицински установи во Охрид при Министерството за здравство.
Предлогот, СВР Охрид го поднесе откако на 19-ти минатиот месец, А.М. (51) видно под дејство на алкохол, вербално ги навредувал членовите на неговото семејство и ја загрозил нивната сигурност заканувајќи им се со убиство и со опожарување на семејната куќа по што кон нив фрлал делови од покуќнината и други предмети.
Инаку, предлогот со заштитните мерки, СВР Охрид го поднесе со цел превенирање и заштита на жртвите на семејното насилство, почитување на основните човекови права и слободи, животот, личниот интегритет, недискриминација и родова еднаквост со должно внимание на интересите и потребите на жртвата.