Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лаѕарото

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска остварија средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лаѕарото.

На средбата се разговараше за загрозените слободи и права на граѓаните во земјата, за отсуството на правната држава, за нефункционалноста на државните институции.

„Последен аргумент за тоа се само мал дел од доказите што ги поседуваме и ги дадовме вчера на увид на јавноста, дека над 20.000 граѓани во Македонија биле прислушувани за само неколку години, со наредба на премиерот Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Нема поголема потврда за тоа дека една власт е недемократска од тоа што го прави власта на Груевски, влегувајки во приватиот и професионалниот живот на граѓаните и кршејки ги елементарните човекови права,“ посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Од тие причини, СДСМ започна со проектот Вистината за Македонија, којшто има единствена цел, враќање на слободата и демократијата во државата.

DSC_0044-001