Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 2.1% на месечно ниво, а за 2.8% на годишно ниво.
Во декември 2014, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.1%.
Во декември 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 11.1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.2%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4.6%.