ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе кај стариот чинар

По повод празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“, Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар).

Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид на Бул. Туристичка бр.79 или на тел 046-266-600.

Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.