ОО на СДСМ Охрид денес испрати реакција во врска со вчерашната реакција на општина Охрид. Во неа стои:
„Со вчерашното соопштение Општина Охрид призна дека Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ, со амин на Министерството за транспорт и врски, безмилосно го ракрчмуваат најатрактивното државно земјиште во Охрид, под Плаошник.
Повторно ги прашуваме надлежните во општината:
Која е потребата да се отуѓува најатрактивното државно градежно земјиште во Охрид?
Со кое право се продава тоа земјиште на физички или правни лица?
Кој е интересот на Општина Охрид да го продава најатрактивното градежно земјиште по почетна цена што е барем за 20 пати пониска од пазарната?
Зошто општината, кога веќе располага со тоа градежно земјиште, не изгради еден мултинаменски репрезентативен објект за потребите на градот и граѓаните, наместо да го продава бадијала на приватни лица за изградба на станбен објект?
Кој стои зад ваквата срамна бизнис зделка и за чии интереси се отуѓува најатрактивната градежна парцела во Охрид?
Нека одговорат надлежните општински служби и зошто не е испочитувана Одлуката за определување зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот во општина Охрид од 02.07.2013 год., донесена од Советот на Општина Охрид, според која пазарната цена на неизградено уредено градежно земјиште во тој дел од градот (ул. „Кочо Рацин“) изнесува најмалку 20 пати повеќе. Тоа може многу лесно да се види од табелата на стр. 21 од документот што Ви го испраќаме во прилог.
Зошто градските власти во Општина Охрид не застанат во заштита на интересите на градот и граѓаните, против ваквата нелогична и штетна продажба?!
СДСМ од Охрид воопшто нема намера да се занимава со спиновите на градските власти и бара веднаш да се поништи објавениот оглас и неодложно да се стопира штетната продажба на атрактивната локација.“– се вели во реакцијата.