Арсовска Томовска на Demo Day настанот за презентација на македонски стартапи

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, утре, 20-ти февруари, петок, во 11.00 часот, ќе се обрати на Demo Day настанот, кој го организира македонско – американската компанија „New man’s business accelerator“, на кој македонските стартапи ќе ги презентираат своите идеи и производи пред меѓународни инвеститори.

Настанот ќе се одржи во просториите на „New man’s business accelerator“.