Кривична пријава за „злоупотреба“ за поранешен директор на „Проаква“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело – “злоупотреба на службена положба и овластување “, ПС од Струга поднесе кривична пријава против А.В. (49) од струшкото село Радолишта.

Пријавениот, во својство на директор на јавното претпријатие „Проаква“, во текот на 2011 година ја злоупотребил својата положба и овластување и оттуѓил, целосно амортизирани пикап возило „Застава-поли“, возила „Волга“ и „Хундаи Соната“ како и еден багер „Радое Дакиќ“.

Тоа го направил иако за истите од страна на купувачите не биле уплатени парични средства на сметка на претпријатието при што за вредноста на овие основни средства го оштетил претпријатието.

Доколку горенаведените основни средства би се продавале на пазар како старо железо нивната продажна вредност во времето на оттуѓување била 242.000 денари од кои, по пат на компензација за багерот наплатени се 123.000 денари при што јавното претпријатие е оштетено за износ од 129.000 денари. При преглед на финансиските картици констатирано е дека трите пикап возила ги нема во книговодствената евиденција и дека истите со посебни машини, без документација туку само со усна наредба на пријавениот биле подигнати од Отпад Охрид. Во книговодствената евиденција немало доказ за евентуална продажба и на возилото „Хундаи Соната“ кое подоцна било пронајдено кај автомеханичар во струшкото село Велешта.

Во врска со одлуката за формирање на трочлена комисија која била овластена да формира продажна цена на основните средства по пат на наддавање – лицитација, констатирано е дека трите члена воопшто не биле информирани дека се избрани во таа комисија ниту пак од службата добиле решениа дека се назначени членови на таа комисија. Тоа значи дека истите не биле запознати околу продажбата на основните средства, а решението било изготвено само од формалено – правен аспект.