Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот богата програма на Македонија, преку деновите на македонскиот туризам и промотивните настани успешно се претстави како туристичка дестинација на меѓународниот саем во Белград кој се оддржа од 19-22ти Февруари.
„Српскиот пазар за нас е еден од главните туристички пазари. Имаме над 40.000 посетители, кои остваруваат над 77.000 ноќевања во Македонија и се вбројува во првите 5 држави по посетеност според рангирањето. Очекуваме во иднина да го зголемиме овој број за околу 100% во период од 5 години. Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Србија, континуираната медиумска кампања, гостувањето во повеќе емисии за туризам, позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од Србија кој изминатата сезона изнесуваше 9% и очекуваме оваа тенденција да продолжи“, вели Кристијан Џамбазовски, директор на Агенција за поромоција и поддршка на туризмот.
Неколку години по ред имаме успешно саемско промовирање на овој туристички пазар, со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички потенцијали и атрактивната туристичката понуда на Македонија. На саемот беше организирана прес конференција што ја водеше амбасадорот на култура Зафир Хаџиманов, а на која обраќање имаа директорот на АППТРМ, Кристијан Џамбазовски, амбасадорот на Р.Македонија во Р.Србија, Вера Јовановска Типко, директор на ЈУТА, Александар Сеничиќ и раководителот на сектор туризам од општина Охрид, Ѓоко Апостолов. Се презентираа туристичкиот потенцијал на Македонија, промотивните активности на АППТРМ, туристичките развојните зони во Р.Македонија, како и можноста за заеднички настап на шесте држави од регионот на трети далечни земји. По настанот сите присутни во салата беа поканети на коктел на кој се дегустираше македонско вино и специјалитети од македонската традиционална кујна и се уживаше во звуците на фолклорните песни во изведба на Ансамблот на Стојче Стојковски.
Со цел да го промовираме културно-уметничкото и природното богаство на Република Македонија беше организирана Македонска вечер, каде што присуствуваа голем број амбасадори, преставници на дипломатскиот кор, туристички организаци, тур оператори, медиуми и новинари.
Меѓународниот саем на туризмот во Белград е најголемата туристичка манифестација во Југоисточна Европа со рекордни 1.031 излагачи од 50 земји и оваа година е 37-то излагање.