Претставници на компанијата „Хасилат“ од Абу Даби од Обединетите Арапски Емирати, во рамките на престојот во Република Македонија, вчера поладне престојуваа во Охрид. За бизнисмените од Абу Даби, Секторот за туризам и локален економски развој организира презентација на можностите за инвестирање во Охрид .
По презентацијата и посетата на неколку атрактивни локации, гостите од компанијата „Хасилат“ , во чија придружба беше и македонскиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати Сашо Ташевски, се интерсираа за инвестирање во повеќе области, а особено за изградбата на скијачкиот центар на „ Галичица“ .
Компанијата „Хасилат“ е позната по ивестирањето во информатичката технологија, енергетиката, автоматиката, туризмот, агробизнисот, медицината, градежништвото и текстилната индустрија. Нивната посета во Република Македонија ја организира Агенцијата за странски инвестиции.