Лајонс клубот „Охрид“ организира работилница за наставниците по англиски јазик

Во рамките на активностите на Лајонс клубот „ Охрид“ , денеска , за наставниците по англиски јазик во основните училишта, се одржа работилница , која е дел од проектот за „е- тестирање како помош при проверка на знаењето и реално оценување на учениците по овој предмет“.

На работилницата, за тестирањето во насока на поефективната проверка на знаењето и користењето на веб- страницата www.angliski.mk која претставува генератор на е- тестови по училишната програма за англиски јазик, зборуваше членот на Лајонс клубот „ Охрид“ м-р Ангел Јанев од Образовниот центар „ ПИСИ“ . За откривањето на талентираните ученици за познавање на странски јазици, со нагласка на англискиот, пред наставниците презентација имаше Проф. Д-р. Љупчо Кевероски од Македонската асоцијација за работа со талентирани ученици.

Во рамките на овој проект, покрај работилницата, Лајонс клубот „ Охрид “ ќе овозможи најмалку 2 пати месечно бесплатно користење на веб- страницата angliski.mk која претставува генератор за тестови по англиски јазик за сите одделенија во основните училишта по училишна наставна програма.

Проектот на Лајонс клубот „ОХРИД“, во соработка со локалните самоуправи и лајонс клубовите ќе се организира во повеќе градови во Република Македонија, а ќе чини околу 7.500 евра.