Заврши триесет и шестата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои Елаборатот за проценка на штета од снежните наноси од 29.12.2014 година и записниците за проценка на настанатите штети од пожар и невреме на подрачјето на општината и исплата на еднократна парична помош. Беше прифатена и Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловна трговска зграда која вклучува и изградба на затворен зелен пазар.

На седницата беа прифатени и предложените одлуки за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на МЈП„Проаква“ Струга, за давање согласност на Одлуката за донесување на ценовник за извршување услуги на МЈП „Проаква“ Струга РЕ „Водовод“ Охрид, за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски комуналец“, за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ и за давање согласност на Одлуката за усвојување на ценовникот на услуги на ЈП „Нискоградба Охрид“.

Од областа на урбанизмот беа прифатени одлуките за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2015 – 2017 година, за прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП за Кп.бр.14628, Кп.бр.14630, Кп.бр.14626/1 и Кп.бр.14624 во КО Охрид 3 и за донесување урбанистички план вон населено место за издустриска зона „Мауцкер“, КО Долно Лакочереј-вон град, општина Охрид, плански период 2013 – 2023.

Беа донесени и предложените одлуки за за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.599/2 КО Горно Лакочереј вон град, Кп.бр.210/1 КО Охрид 4, Кп.бр.1316/2 КО Долно Лакочереј вон град, Кп.бр.1322/1 и Кп.бр.1311/3 КО Долно Лакочереј, Кп.бр.1774/1 КО Долно Лакочереј, Кп.бр.2197 КО Долно Лакочереј, Кп.бр.2268/1 КО Долно Лакочереј, Кп.бр.2662 КО Велгошти, Кп.бр.610/1 КО Долно Лакочереј вон град, Кп.бр.742/5 КО Косел, Кп.бр.743/1 КО Косел, Кп.бр.1311/5 и Кп.бр.1311/6 КО Долно Лакочереј вон град, Кп.бр.1330/1 КО Пештани, Кп.бр.1380 КО Лескоец, Кп.бр.1417 КО Лескоец, Кп.бр.1685/2 КО Велгошти, Кп.бр.1727 КО Лескоец, Кп.бр.1751 КО Љубаништа, Кп.бр.1819 и 1823 КО Лескоец, Кп.бр.2141 КО Велгошти, Кп.бр.2387/2 КО Велгошти, Кп.бр.2393/1 и 2394 КО Лескоец, Кп.бр.2423/1 КО Лескоец, Кп.бр.2897/1 и Кп.бр.2896/1 КО Елшани, Кп.бр.3113 КО Коњско, Кп.бр.3223 КО Коњско, Кп.бр.3244 КО Коњско и на Кп.бр.1294/1 КО Лескоец.

36_Sednica_sovet_4851 36_Sednica_sovet_4852 36_Sednica_sovet_4853